Торби и додатоци за колички
34 производиПроизводи
Мама торби и ранци за количка, мрежи против инсекти, покривки за дожд, душеци за количка, чадорчиња и држачи за шише – практични додатоци за секоја прошетка.
Додатоци за поудобни прошетки
Тука се наоѓаат мама торби и торби-ранци за на количка (mama torbi) со повеќе прегради, мрежи (комарници) против инсекти за количка и за транспортер, универзални покривки за дожд, меки душеци за во количка, чадорчиња за сенка и универзални држачи за шише и чаша.
При избор на торба гледајте колку прегради има, дали има ремени за закачување на количката и дали материјалот лесно се чисти. Кај универзалните додатоци проверете ги димензиите и начинот на прицврстување за да одговараат на вашата количка. Покривката за дожд и мрежата против инсекти користете ги кога сте покрај бебето и внимавајте под нив да има доволно проток на воздух, особено во топли денови.
Асортиманот е главно од Chipolino, чиј официјален застапник сме, а има и мрежи Babyjem и покривки FreeON. Испорака низ цела Македонија за 3–5 дена, со плаќање при достава или со картичка.
