Колички и кенгури
97 производиПроизводи
Детски колички 2 во 1 и 3 во 1, летни колички, колички за близнаци и ергономски кенгури за удобни прошетки од првиот ден – најголемиот дел од Chipolino.
Како да изберете детска количка?
Во понудата (detski kolicki) имаме комбинирани колички 2 во 1 со корпа за новороденче и седиште, колички 3 во 1 што доаѓаат и со автоседиште-кош, лесни летни колички со склопување тип чадор, колички за близнаци, како и ергономски кенгури и носилки за бебе.
За новороденче е потребна корпа или наслон што се спушта целосно рамно, бидејќи бебето во првите месеци треба да лежи. Летната количка е практична кога детето веќе стабилно седи, најчесто од околу 6 месеци. Проверете ја максималната носивост (на пример до 15 или до 22 kg), тежината и димензиите на склопената количка и дали ќе влезе во багажникот, како и квалитетот на тркалата и амортизерите ако често возите по нерамни тротоари. Кај кенгурите барајте ергономска положба што ги поддржува колковите на бебето.
Како официјален застапник на Chipolino за Македонија нудиме модели како Zara, Linea, Harmony, Amore и Easy Go, а има и колички Baby Mascot и носилки FreeON. Испорака низ цела Македонија за 3–5 дена.
