Возила на акумулатор и на педали, туркалки, трицикли, велосипеди и тротинети за деца од првата година до школска возраст – од Chipolino, Pilsan, Dolu и Rapid.

Прикажувам 1–12 од 312 резултати

Како да изберете возило за дете?

Во оваа категорија се наоѓаат сите детски возила (detski vozila): туркалки и гуралки за најмалите, трицикли со родителска рачка, баланс велосипеди без педали, велосипеди со помошни тркала, тротинети и ролери, како и автомобили, џипови, мотори и квадови на акумулатор.

Возилото избирајте го според возраста, висината и вештината на детето. За дете од околу една година погодни се туркалките и трициклите со рачка за родител, баланс велосипедот е добар избор од околу 2 години, а возилата на акумулатор од 6V и 12V се за малку поголеми деца. Секогаш проверете ја максималната носивост, а при возење велосипед, тротинет или ролери детето нека носи кацига.

Нудиме возила од Chipolino, Pilsan и Dolu, чиј официјален застапник сме, како и велосипеди, тротинети и ролери Rapid. Нарачајте онлајн со достава низ цела Македонија за 3–5 дена, бесплатно за нарачки над 3.000 ден.