Трицикли
52 производиПроизводи
Детски трицикли со родителска рачка, тенда и ремен, мултифункционални трицикли 4 во 1, трицикли за близнаци и класични трицикли на педали.
Како да изберете трицикл?
Во категоријата (tricikli za deca) има мултифункционални трицикли што растат со детето – со рачка за туркање, тенда, ремен и потпирач за нозе што се вадат како детето расте, трицикли со ротирачко седиште, модели за близнаци, баланс трицикли, како и класични трицикли на педали за деца што веќе возат самостојно.
За дете од околу една година изберете трицикл со родителска рачка со која управувате вие, заштитна рачка околу седиштето и ремен. Кога детето ќе научи да вози педали, обично од 2–3 години, рачката се вади и трициклот станува класичен. Гледајте ја стабилноста, дали има кочница, квалитетот на тркалата и можноста за преклопување ако трициклот често го носите во автомобил.
Нудиме трицикли од Chipolino, Dolu и Pilsan, чиј официјален застапник сме, како и од Starly. Испорака низ цела Македонија за 3–5 дена, бесплатно за нарачки над 3.000 ден.


