Душеци и лежалки на надувување, обрачи за пливање, фигури за јавање, пловечки острови, гумени чамци, кајаци и SUP даски за базен, море и езеро.

Прикажувам 1–12 од 134 резултати

Надувни производи за базен и плажа

Во оваа категорија (dusek na naduvuvanje) има класични душеци за вода, лежалки со наслон и држачи за чаши, обрачи за пливање од мали детски до големи за возрасни, фигури за јавање во облик на фламинго, лебед, еднорог или ајкула, пловечки острови за повеќе лица, гумени чамци, кајаци на надувување и SUP даски Hydro-Force.

Големината изберете ја според тоа дали производот ќе го користите на базен или на море и колку лица ќе седат на него. За деца барајте модели со рачки и ознака за возраст. Обрачите и душеците не се средства за спасување: на море не се одалечувајте од брегот, внимавајте на ветер што дува кон отворено море, а децата секогаш нека бидат под надзор. За чамците и кајаците проверете ја носивоста и користете елек за спасување.

Целиот асортиман е од Bestway, чиј официјален застапник за Македонија сме. Испорака за 3–5 дена, со плаќање при достава или со картичка.