Спирална сајла за заклучување велосипед, со челично јаже обложено со пластика и брава со цилиндар и клуч. Сајлата се обвиткува околу рамката или тркалото и околу фиксен објект, а благодарение на спиралната форма лесно се собира и не зафаќа многу простор. Во пакувањето има два клуча и држач за монтирање на рамката на велосипедот, за сајлата секогаш да ви биде при рака.
Погодна е за детски и за возрасни велосипеди. Се испорачува во црвена или во сина боја, по случаен избор.
- Материјал: Челик и пластика
- Боја: Асортиман (црвена, сина)
- Содржина на пакувањето: Сајла-брава, 2 клуча, држач за рамка
- Шифра: 19965RG
