Магнетна табла со букви за учење на латиничната азбука од A до Z. Со магнетното пенкало детето ги следи и ги пишува буквите, кои потоа лесно се бришат, па вежбањето може да се повторува колку пати сака. Наменета е за деца над 3 години.
Таблата го поттикнува визуелното препознавање на буквите, ја развива фината моторика и подготвува за пишување, а учењето се претвора во игра.
- Возраст: 3+ години
- Димензии: 31 x 1 x 25,5 cm; пакување 31,5 x 1,5 x 26 cm
- Содржина на пакувањето: магнетна табла, пенкало
- Шифра: 84506DT
