Логичката играчка Spinner Cube има четири ротирачки прстени со топчиња во различни бои. Со вртење на прстените, топчињата се поместуваат, а детето може да ги подредува по бои.
Ова е мала и практична играчка што лесно се носи насекаде – во торба, на пат или во градинка. Ги тренира прстите, концентрацијата и трпеливоста, а со шарените топчиња е забавна и за децата и за возрасните.
- Возраст: 3+ години
- Шифра: 33825DM
