Светлечка табла со иглички на која детето создава светлечки слики и дезени. Шарените иглички се ставаат во таблата според шаблоните или по своја фантазија, а кога таблата ќе се вклучи, цртежот засветува. Наменета е за деца над 3 години.
Што содржи комплетот
- светлечка табла
- шаблони
- 208 иглички во различни бои
Играта ги развива креативноста, имагинацијата и фината моторика, а светлечките слики се убави и како ноќно светло во детската соба.
- Возраст: 3+ години
- Димензии: табла 25 x 23 x 3,5 cm; шаблон 21,5 x 16 cm; пакување 34 x 23,5 x 4 cm
- Батерии: потребни
- Содржина на пакувањето: табла, шаблони, 208 иглички
- Шифра: 84503DT
