Креативниот сет монистра е наменет за изработка на уникатен шарен накит – нараквици и ѓердани. Содржи голем избор монистра подредени во преградички: монистра со букви, срциња, цветчиња, пеперутки, тркалезни и пастелни монистра.
Детето ги комбинира боите и облиците и создава накит за себе или подарок за другарките. Нижењето монистра ги развива фината моторика, креативноста и концентрацијата. На кутијата е означена возраст 6+.
- Возраст: 6+ години
- Димензии: пакување 29,5 x 22,5 x 3 cm
- Боја: шарена
- Шифра: 2602119DT
