Pilsan Düldül е класично коњче клацкалка – бело коњче со црвено седло и узди на зелена основа за лулање. Потпирачите за нозе му помагаат на детето удобно да седи, а клацкалката безбедно се лула и е отпорна на превртување.
Јавањето на коњче ја развива рамнотежата, координацијата и мускулите, а ја поттикнува и имагинацијата – секое лулање е нова авантура. Коњчето е наменето за деца од 18 месеци и е изработено од суровина без канцерогени материи.
Карактеристики
- Потпирачи за нозе (узенгии)
- Безбедно лулање, отпорно на превртување
- Максимално оптоварување 35 kg
Безбедност: децата секогаш треба да бидат под надзор на возрасен.
- Бренд: Pilsan
- Возраст: 18+ месеци
- Материјал: пластика
- Боја: бела со црвено седло и зелена основа
- Шифра: 07-522
