Голем сет кактус коцки од Dede со 75 делови. Шарените коцки со „бодликави“ површини лесно се закачуваат една за друга без силно притискање, а во сетот има и елементи со ликови на момче и девојче, тркала и сценска позадина со куќа. Децата можат да изградат куќа, ветерница, авион, возила и фигурки или да создадат сопствени дизајни.
Играта ги развива креативноста, просторното размислување, фината моторика и координацијата рака-око, а е погодна и за заедничко градење со другарчиња. Погодни се за деца од 3 години. Произведено во Турција.
- Бренд: Dede
- Возраст: 3+
- Материјал: Пластика
- Боја: Повеќебојна
- Број на делови: 75
- Содржина на пакувањето: 75 кактус коцки и тематски елементи
- Шифра: 03311
