Dede Frozen креативниот сет содржи шарени монистри во различни форми за дизајнирање ѓердани и нараквици во стилот на Ана и Елза. Монистрите се во 7 бои и се прилагодени за мали раце, а во сетот има и 2 врвки за ѓердан (виолетова и розова) и најлонски конец.
Пакувањето е во облик на чантичка со рачка, па сетот лесно се носи. Нижењето монистри ја развива фината моторика, концентрацијата и чувството за бои. Производот е официјално лиценциран Disney Frozen сет со поминати здравствени тестови.
- Бренд: Dede
- Возраст: 3+ години
- Димензии: пакување 32,5 × 5,5 × 20,5 cm
- Содржина на пакувањето: монистри во 7 бои и додатоци, 2 врвки за ѓердан, 1 најлонски конец
- Шифра: 03172
