Dede Barbie креативниот сет за накит содржи шарени монистри во различни форми и конец за низење, со кои децата сами создаваат ѓердани и нараквици. Монистрите се подредени во розова кутија со прегради во облик на срце, па лесно се наоѓа секоја боја и форма.
Нижењето монистри ја развива фината моторика, концентрацијата и креативноста, а готовиот накит децата можат да го носат или да го подарат. Производот е официјално лиценциран Barbie сет, со поминати здравствени тестови и произведен во Турција.
- Бренд: Dede
- Возраст: 3+ години
- Димензии: пакување 25,4 × 5 × 26 cm
- Содржина на пакувањето: шарени монистри во различни форми, конец/врвка за низење
- Боја: розова
- Шифра: 03179
