Art Craft модли за пластелин е сет од 16 пластични модли во различни форми – животни, ѕвезда, човече, дрвце, сладолед и други – спакувани во мала кофичка со рачка. Сетот е одличен додаток кон пластелинот што детето веќе го има. Пластелинот не е вклучен.
Со модлите детето лесно сече и обликува фигури од пластелин или тесто, при што ја развива фината моторика, креативноста и препознавањето форми. По играта модлите уредно се враќаат во кофичката.
- Бренд: Art Craft
- Возраст: 3+ години
- Димензии: кофичка 10,5 × 9,5 × 10,5 cm
- Материјал: пластика
- Содржина на пакувањето: 16 модли за пластелин во кофичка (без пластелин)
- Шифра: 03542
