Art Craft Голема кофа со пластелин е сет за моделирање со пластелин во 6 бои и 8 модли во форма на морски животни: морско коњче, желка, ајкула, делфин, рак, школка, кит и морска ѕвезда. Сè е спакувано во практична пластична кофа со рачка и капак.
Со модлите децата лесно создаваат цел подводен свет, а моделирањето ја развива фината моторика, креативноста и препознавањето на боите и формите. По играта пластелинот и модлите уредно се враќаат во кофата.
- Бренд: Art Craft
- Возраст: 3+ години
- Содржина на пакувањето: пластелин во 6 бои, 8 модли морски животни, кофа со капак
- Шифра: 03282
